Се трага по 16-годишен штитеник од Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми

На 18.01.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје, од Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение на подрачје на Карпош – Скопје било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник М.А.(16), кој и претходно неколку пати се оддалечувал и бил пронаоѓан и враќан.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.