И покрај неповолните временски услови, врнежи од снег и ниски температури, Охриѓани останаа верни на традицијата. На Сараиште, денеска, го одбележавме Денот на рибарите со повторно влегување во водите на Охридското езеро.
Непоколебливите капачи дадоа посебен шмек на овој ден и предизвикаа радост кај присутните.
Нека ни биде за многу години, напиша на својот ФБ профил градиначалникот Кирил Пецаков.
извор: ФБ Кирил Пецаков