Во тешката сообраќајка кај Гевгелија, еден загинат и девет повредени

Вчера попладне во полициска станица во Гевгелија во 19 и 30 часот била пријавена сообраќајна несреќа на патот Гевгелија – Богданци, на мостот на реката Вардар, во која едно лице загина. Во несреќата учествувале четири патнички моторни возила.

Во возило „Мерцедес“ кое сообраќало под регистарски таблички од друго возило, а било управувано од 48 годишник од Македонска Каменица, биле превезувале седум мигранти од Сирија.

Другото патничко возило, „Опел корса“ било со гевгелиски регистарски ознаки, било управувало од 68 годишно лице од с.Богородица.

Со трето патничко возило „Хјундаи“ со гевгелиски таблички управувал 42 годишен жител на Гевгелија, а четвртото, „Мерцедес“ со гевгелиски таблички било управувано од 37 годишник од с.Стојаково.

Во несреќата, од здобиените повреди починал шоферот кој управувал со возилото „Опел корса“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобиле и двајцата возачи од другите возила, сопатничка во возилото „Опел корса“, додека со телесни повреди се здобиле и мигрантите.

Увид на местото извршиле екипа на Полициската станица Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.