Земјотрес со интензитет од 7 степени ги потресе Кина и соседните земји

0
151

Земјотрес со интензитет од 7 степени според Рихтер вчера ги потресе крајните северозападни делови на Кина, а потресот е почувствуван и во соседните земји Киргистан, Казахстан и Таџикистан, известува Анадолу.

Американскиот завод за геолошки истражувања објави дека епицентарот на земјотресот е во градот Акјолу во близина на кинеско-киргистанската граница, на длабочина од 13 километри.

Потресот е почувствуван во цела Централна Азија.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.