Пожар во Специјалната болница во Златибор, пациентите евакуирани: Пожарникарите цела ноќ се бореле со стихијата

Пожарот што синоќа околу 23 часот и 30 минути избувна во Специјалната болница за болести на тироидна жлезда и метаболички болести „Чигота“ на Златибор е локализиран, а гаснењето се уште е во тек, соопштија за Танјуг во Противпожарната станица во Чајетина.

Според нив, сите пациенти се евакуирани. Пожарот ги зафатил покривот и горниот кат на зградата.

Евакуирани се околу 100 пациенти, меѓу кои има и деца.

На терен се околу 50 пожарникари од Ужице и Чајетина.

 

telegraf.rs