Дали привезокот на ДУИ, СДС под налог на својот стопан им дојавил на 10-те лица, барани за дрога, да ја напуштат државата, велат од ВМРО ДПМНЕ

0
165

Дали привезокот на ДУИ, СДС под налог на својот стопан им дојавил на 10-те лица да ја напуштат државата?

Шеваљ Муареми кој сега сe наоѓа во бегство, а кој е првоосомничен може да се забележи во друштво со Талат Џафери, човекот кој треба да биде технички премиер, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

Починатиот Орхан Бајрами Оки кој исто така според објавеното во медиумите бил дел од групата што беше во друштво на Пендаровски.

Оливер Спасовски, кој чекаше последен ден да спроведе акција која требаше да ја направи пред 6 години, седеше по кафеани со истите лица.

Дали седенките со мафијашите се причината заради кои СДС и ДУИ ги засолнија 10-тината лица дел од нарко картелот Грчец?

Кога мафијата ќе ја преземе државата, тоа изгледа како Македонија под СДС и ДУИ. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

извор. ВМРО ДПМНЕ