Вучиќ: Јас не се плашам да кажам дека Македонците ни се најблизок народ, ние поблизок народ немаме

„Сакам да кажам нешто за добрите луѓе кои живеат овде, за нашите браќа Македонци и за нашите српско-македонски односи. Јас не се плашам да кажам дека Македонците ни се најблизок народ, ние поблизок народ немаме. И нешто што јасно го кажувам е тоа дека ние ништо не бараме од Северна Македонија. Немаме никакви услови за ништо и ништо не очекуваме од вас. Сакаме само нашите односи да ги градиме да бидат уште поблиски, уште подобри. Не бараме од вас ниту промена на Уставот, тоа е ваша внатрешна работа. Единствено што бараме од вас е да ја прифатите нашата подадена рака. Ние меѓусебно немаме никаков проблем“, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Светосавската свечена акдемија вечерва во Скопје.

„Верувајте дека кога игра вашата македонска репрезентација, вие имате уште повеќе навивачи и тоа само малку посеверно од вас. Со сето срце навиваме за вас и ние сме со вас и со сето она што Македонците го носат со себе. Нашите односи мора да го поставиме на рационални нозе. И ние и вие сме на европскиот пат и имаме високи цели. Верувам дека ние, Србија, за само 15 години бруто домашниот производ тројно ќе ги зголемиме на 100 милијарди евра. Тоа ќе можеме да го направиме и со ваша помош. На ЕКСПО 2027 во Белград. Ве повикувам Македонија да го има најголемиот штанд на ЕКСПО. И заедно да настапиме. Но ниикогаш нема да ве убедуваме, па ние не сме голема сила. Ние само ќе ве замолиме на добра и уште подобра и пријателска соработка. Време е заедно со нашите Срби овде, да воскликнеме – да живее Србија“, рече на крајот претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

На Свечената академија присутни се претседателот Стево Пендаровски, премиерот во оставка Димитар Ковачевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и други политичари, пратеници, дипломати и претставници на етничките заедници.