Ранет со нож лице од тетово, итно пренесен на скопските клиники

Синоќа околу 21 часот и 45 минути, на улица “Страшо Пинџур” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 36-годишниот тетовец Д М.Тој се сомничи дека околу 18 часот и 15 минути, на улица “Илинденска” во Тетово, физички го нападнал и со остар предмет го повредил 37-годишниот Ф.И., исто така, од Тетово.

“На повредувањето му претходела нивна меѓусебна вербална расправија, а Ф.И. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.Д.М. задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот”, соопшти портпаролот на СВР ТЕТОВО Марјан Јосифоски.

 

 

infomax.mk