Најголемиот крузер на светот долг 365 метри исплови од Мајами

0
159

Најголемиот крузер на светот исплови од пристаништето во Мајами, американската сојузна држава Флорида, на своето прво патување, пренесува Анадолу.

„Icon of the Seas“ е долг 365 метри, има 20 палуби и капацитет да прими 7.600 патници.

Сопственик на бродот е Royal Caribbean Group, а крузерот ќе ги обиколува островите во тропските краишта.

Меѓутоа, еколозите предупредуваат дека бродот кој ќе плови на течен природен гас ќе испушта штетен метан во воздухот, пренесе Би-би-си.

„Тоа е чекор во погрешна насока. Според нашата проценка, користењето на течен гас како гориво за бродови емитира повеќе од 120 % повеќе емисија на стакленички гасови отколку бродскиот дизел“, рече Брајан Комер, директор на Морската програма при Меѓународниот совет за чист транспорт (ICCT).

Портпаролот на Royal Caribbean изјави дека „Icon of the Seas“ е 24% енергетски поефикасен од што Меѓународната поморска организација побарува за модерните бродови. Компанијата наведе дека до 2035 година во својата флота планира да воведе и брод со нулта стапка на емисија.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.