Со песна и црвени вратоврски на кои пишува „Премиер Албанец, Ахмети со сопартијците го славеше изборот на Талат Џафери за премиер

Со црвени вратоврски на кои пишува премиер – Албанец – 28.01.2024, Али Ахмети со сопартијците го славеше изборот на Талат Џафери за премиер на преодната влада.

Видеа од славјето на Тик-ток објавува Бленди Февзиу – водител на популарното ТВ-шоу „Мислење“ (Опиниони) на ТВ Клан Албанија, кој е еден од четворицата ВИП гости на ДУИ за кои порталот „Икс“ објави дека цел ден се превезуваат со службено возило од Министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби, пишува „360 Степени“.

Според сторијата на „Икс“, гостите прво пиеле виски и пушеле цигари во канцеларијата на Али Ахмети, заедно со домаќините, а потоа ги зазеле столчињата во ВИП-ложата во пленараната сала на македонскиот парламент.