Со внимание го проследивме последното соопштение на СДС каде одбројуваат уште 99 дена до изборите.
Иако е иронично, но би додале дека е секако суицидно СДС да си ги одбројува деновите до сопствениот пораз, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:
Не знаевме дека со таква неопислива среќа и радост, наспроти колективната несреќа и тага ќе ги прославуваат деновите кои командант Форина Талат Џафери ќе е премиер.
Тој поклон даден од СДС, покажува дека богато ја омажија невестата, за свој личен и лукративен интерес.
Дали е 99 или 69 за СДС, веруваме дека во ваквите едноставни математички операции СДС е најдобар, зошто од математика исто како и во тендерите само одземање разбираат.
Но непобитен факт е дека државата ја украдоа, а Македонија ја има се помалку.
Затоа е важно да ги поразиме.
извор: ВМРО ДПМНЕ