МЗ: Д-р Фадил Цана е нов директор на Инфективна, на ГАК и на Психијатрија остануваат д-р Јовановска, Шаќири и д-р Бајрактаров

Министерството за здравство информира дека поради истекување на мандат во време на предизборниот период спореведни се конкурси во три јавно здравствени установи за избор на четири директорски места.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби по спроведениот конкурс за нов медицински директор избран е д-р Фадил Цана согласно доставените документации. Досега таа функција ја извршуваше д-р Милена Стевановиќ.

На Клиниката за гинекологија и акушерство по спроведените конкурси мандат добија д-р Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор.

На Клиниката за психијатрија за медицински директор е назначен проф. д-р Стојан Бајрактаров.

Сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство, велат од МЗ.