Четири бебиња починаа во Србија од Голема кашлица

На Јутјуб се појави шокантна снимка од болница, на која се гледа мајка како држи бебе кое се заразило со голема кашлица пертусис.

Цела Србија ја потресе веста дека четири бебиња го загубиле животот од голема кашлица, а едно се бори за живот, оваа вест ја соопшти Владимир Вукмановиќ од Институтот за мајка и дете.

Процентот на вакцинираните не е задоволителен, со оглед на тоа што е под 95%, што значи дека го изгубивме колективниот имунитет. За ваквата состојба придонесоа агресивните кампањи на антиваксери, кои со години се борат и ги збунуваат родителите да не ги вакцинираат своите деца.

Како што е потврдено за српски Телеграф, две бебиња на возраст од по 2 – 3 месеци не успеале ниту да се вакцинираат, а веќе се разболеле и завршиле трагично.

На Јутјуб се појави шокантна снимка од клиниката „Мајо“ во Америка, на која мајка во рацете држи бебе кое е заразено со опасната болест. Малото девојче е црвено од напор, едвај се мачи да дише воздух, кашла бескрајно.

 

faktor.mk