(ВИДЕО) Tesla Cybertruck заглави во 20см снег!

Прво, од безбедносни причини, неговата продажба во Европа е забранета. Тогаш сопствениците полудеа кога сфатија дека пик-апот со огромни димензии нема резервно тркало и речиси ништо не одговара во багажникот под товарниот простор. Конечно, интернетот е преплавен со видеа на кои се гледа дека вратите на автомобилот или хаубата на моторот се остри како гилотина, па ако се случи да ги лизнете прстите додека ги затворате, ќе останете без прсти.

А сега уште едно видео стана вирално. Имено, на него се гледа како Cybertruck се бори да надмине исклучително бениген рид покриен со можеби дваесетина сантиметри снег, над кој лесно би поминал секој автомобил со зимски гуми, а некои 4х4 не би ни почувствувале дека се работи за искачување. За да ја зголеми болката на сопственикот на Cybertruck, возачот на автомобилот кој ја снимал оваа прилично непријатна ситуација гласно искоментирал: „Повикај го Илон да те извлече!“

https://www.youtube.com/watch?v=iZx15p9T15A&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2F&source_ve_path=MzY4NDIsMzY4NDIsMjg2NjY&feature=emb_logo

 

tocka.mk