Слободен печат: Фатмир Меџити ја разрешил доктор Милена Стевановиќ зашто „ѝ истекол сертификатот за англиски“ од Кембриџ кој важи доживотно

Сопартиецот на министерот за здравство, Фатмир Меџити, доктор Фадил Цана ја победи доктор Милена Стевановиќ на конкурсот за директор за Инфективната клиника. И покрај тоа што таа ја водеше Клиниката седум години, вклучително и во најтешките периоди на ковид пандемијата, според Министерството за здравство „ѝ пресудил истечен сертификат за англиски јазик“.

Според информации на „Слободен печат“, сертификатот за англиски јазик на доктор Стевановиќ не би можел да биде со поминат рок затоа што станува збор за сертификат издаден од Кембриџ кој трае доживотно и не му поминува важноста. Доктор Стевановиќ дополнително магистерските студии ги има подготвувано во „Ројал Стејт Хоспитал Лондон“ каде се зборува само англиски јазик. Таа во својата медицинска кариера била и стипендист во Англија. Магистерската, пак, Стевановиќ ја има подготвувано во „Челзи Вестминистер Хоспитал Лондон“, а една година била и на специјализација во Англија.

Текстот во целост на:slobodenpecat.mk