Стоката која ја внесувате од странство во вредност до 350 евра (со исклучок на алкохолни пијалоци, преработки од тутун, парфеми и тоалетна вода), е ослободена од плаќање на увозни давачки, доколку истата е од некомерцијална природа.
Дозволен внес на преработки од тутун: 200 цигари или 100 цигарилоси или 50 пури или 250 грама тутун за пушење.
Дозволениот внес на парфеми е до 50 милилитри и тоалетна вода до 0,25 литри.
Ако носите со себе алкохолни пијалоци треба да знаете дека доколку се со процент на алкохол до 22% дозволени се 2 литри, додека со над 22% дозволен е само 1 литар.
Повеќе на следниот линк https://customs.gov.mk/…/stoka-bez-uvozni-davacki.nspx
За внесување и изнесување на пари во готовина:
При влез во државата може да внесете до 10 илјади евра. Секој износ над 10 илјади евра треба да се пријави.
При излез од државава може да изнесете до 2 илјади евра. Износот од две до 10 илјади евра треба да го пријавите и да приложите доказ за потекло од банка или менувачница.
извор: Царинска управа