Четворица астронаути на „Спејс икс“ се вратија од 6-месечната мисија

Четворица астронаути од Меѓународната вселенска станица успешно слетаа во Мексиканскиот Залив, на отврени води кај Флорида, пренесува Анадолу.

Двајца американски астронаути, еден јапонски астронаут, и еден руски космонаут, по шестмесечна мисија во вселената, се вратија на Земјата.

Нивното патување од Меѓународната вселенска станица до Земјата траеше околу 19 часа, а на Земјата се вратија со вселенското летало на „Спејс икс“, Драгон.

Никол Мен од НАСА, која учествуваше во оваа мисија, истакна дека е среќна што се враќа дома.

Покрај Мен, дел од екипата беа и јапонскиот астронаут Коичи Ваката, руската космонаутка Ана Кикина и астронаутот од НАСА, Џош Касада.

Екипата што се врати на Земјата, во октомври 2022 година ја започна нивната мисија на Меѓународната вселенска станица.

 

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.