Мaлолетник приведен при обид за кражба во кумановската болница

0
244

– Малолетник од Куманово бил приведен при обид за кражба во кумановската болница, соопшти денеска полицијата. Тој претходно извршил кражба и во деловен објект од булеварот „Трета Македонска Бригада“.

– Вчера во 05:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово. Тој бил затекнат во објект на Општата болница Куманово, при обид да изврши кривично дело „тешка кражба“, а претходно веќе извршил кражба во деловен објект на „Трета македонска ударна бригада“, при што одзел пари и различни предмети. Кај него биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, соопшти полицијата. Лицето било приведено во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.