Се намалува цената на бензинот и дизелот

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,5 денари, а за денар Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Намалувањето на малопродажбите цени на нафтените деривати во просек е за 2,50 проценти во однос на одлуката на РКЕ од 1 април годинава.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81 денар за литар, а 83 денари на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 82 денари, а новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 78,50 денари.

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,976 денари и килограм ќе чини 54,154 денари.