Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска ги прими охридските теквондисти Христијана Парулеска, Давид Крстески и Елена Јанеска кои освоија високи награди на Европското теквондо ИТФ првенство кое се одржа во месец март во Пореч, Хрватска.
Младите спортисти како дел од македонската теквондо репрезентација се напреварувале во повеќе категории во конкуренција од 850 натпреварувачи од 24 држави.
На средбата градоначалникот Пецаков им честише за постигнатите успеси и во името на Општина Охрид им додели еднократна парична награда, како мотив за понатамошни спортски достигнувања.