Тропската бура Меги причина за смртта на 138 лица на Филипини

Бројот на лица кои на Филипини ги загубија животите во поплавите и свлечиштата предизвикани од тропската бура Меги се зголеми на 138, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Провинцијата Лејте со 132 починати е регион на Филипините најпогоден од оваа природна катастрофа.

Во соопштението на Филипинската армија се наведува дека се поплавени 159 области во градовите Капиз, Аклан, Антиква и Илоило.

Меги која на 10 април предизвика поплави и свлечишта е прва тропска бура која ги погоди Филипините оваа година.

На Филипините, каде што во просек се случуваат 20 бури и тајфуни секоја година, во 2013 година тајфунот Хаијан беше причина за смртта на над 6.000 лица, а предизвика и големи разурнувања.

извор: Агенција Анадолија (АА).