Во Истанбул фатени над 420 нерегуларни мигранти

0
369

Во турската област Истанбул се фатени 425 нелегални мигранти во рамки на операциите извршени на над 50 локации, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Полициската дирекција во Истанбул.

Во соопштението се наведува дека полициските сили реализирале пет операции против шверцување мигранти.

Во овие рамки биле извршени операции во 52 различни локации со поддршка на специјалните сили.

Како резултат на полициските операции, фатени се вкупно 425 нелегални мигранти, од кои 230 со авганистанско потекло и 195 со пакистанско потекло.

Исто така, лицата кои обезбедиле засолниште за овие мигранти, добиле парична казна од над 1,3 милиони турски лири.

Во тек се процедурите за депортирање на нелегалните мигранти.

извор: Агенција Анадолија (АА).