Европски сојуз за промени: Нема договор со Алијансата на Албанците да биде дел од опозицискиот блок

0
163

Портпаролот на Европскит сојуз за промени Астрид Исени денеска на прес-конференција изјави дека има некаква согласност, но дека нема договор со Алијансата на Албанците да биде дел од опозицискиот блок. Најави дека за тоа, Европскиот сојуз за промени ќе информира во наредните денови.

На средбата изминативе деновиве со косовскиот премиер Албин Курти, има некаква согласност дека ќе биде дел од опозицијата, но нема некој договор. За тоа ќе бидете информирани во деновите што следат, изјави на денешната прес-конференција во прес-центарот на ЕСП портпаролот Исени.

Дополнително ќе информираат, како што кажа, и за тоа кој ќе биде нивен претседателски кандидат откако ќе разговараат во коалицијата.

извор: Република