Три случаи на голема кашлица се активни во моментов во земјава од евидентираните седум. Останатите четири случаи се сметаат за незаразени.
Од активните случаи две се деца и еден возрасен пациент, кој е хоспитализиран на Инфективната клиника, вели портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ во изјава за МИА.
Следната недела, на 7 февруари, Комисијата за заразни болести ќе се состане за да ја разгледа состојбата со грипот и големата кашлица.
Надлежните апелираат на вакцинација како најбезбедна заштита.
„Вакцинацијата е најбезбедната, најсигурната и најефикасната заштита од магарешка кашлица и од сите други болести за кои постојат вакцини“,
изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски во јануари.
Според министерот за здравство Фатмир Меџити, крајно време е да се смени менталниот склоп и да се вакцинираат децата.
По случајот со голема кашлица, Меџити апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца
Во соседна Србија е зголемен бројот на заболени од голема кашлица. Според српските медиуми, во Белград најголеми број од новозаболените од 22 до 28 јануари, се деца на возраст од 10 до 19 години. Неколку бебиња во Србија ја изгубија битката со оваа болест.
Четири бебиња починале од голема кашлица во Белград, едно е на респиратор, вкупно 70 деца се заразени
Големата кашлица е заразна и лесно пренослива болест. Првите симптоми се слични на симптомите на настинка и се појавуваат околу девет до десет дена по инфекцијата. Тешките напади на кашлање доаѓаат подоцна и оваа болест е подолготрајна. Најчесто заболуваат мали деца и бебиња, но може да се заразат и возрасни.
360stepeni.mk