Враќањето на екипажот на мисијата Аксиом-3 од Меѓународната вселенска станица (ИСС) повторно е одложена поради неповолни временски услови, соопштија од СпејсИкс, пренесува Анадолу.
Приватната вселенска компанија соопшти дека враќањето на Земјата на вселенското летало Драгон и тимот на Аксиом-3 (Ax-3), вклучително и првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи, е одложено поради неповолното време на брегот на Флорида.
„Вселенското летало и екипажот на Ax-3 се здрави, а тимовите ќе продолжат да ги следат временските услови за следната достапна можност“, соопштија од СпејсИкс.
Враќањето на тимот на Ax-3 на Земјата беше планирано за 3 февруари, но беше одложено за 5 февруари, а потоа повторно е одложено поради неповолните временски услови на брегот.
Мисијата Ax-3 беше лансирана на 18 јануари од Вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА на Флорида со ракетата Фалкон 9 на приватната вселенска компанија СпејсИкс, пристигнувајќи на Меѓународната вселенска станица на 19 јануари.
Екипажот имаше задача да спроведе повеќе од 30 научни експерименти.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.