Костовски: Фирми блиски до СДСМ, а особно до Заев земале пари од Еуростандард банка

Трифун Костовски истакна дека не се повлекува од претходно дадената изјава дека фирми блиски до СДСМ и поранешниот премиер земале кредити од Еуростандард банка.

Сопстевеникот на Еуростандард банка Трифун Костовски на презентација на денешниот извештај за причините за пропаѓањето на банката истакна дека незаконски се искористени три милиони евра наменски даден депозот од Еуростандард банка во Комерцијална банка кој не може да биде пренаменет или користен за други потреби без сосласност на Надзорните одбори од двете банки, објави Република.

Комерцијана банка – местото и улогата на Комерцијална банка е посебно истражено од господинот Драго Кос, а јас со овој мој исказ сакам само да обзнанам дека незаконски се искористени 3 милиони евра, наменски дадени депозит од Еуростандрад банка во Комерцијална банка, кој не може да биде пренаменет или користен за други потреби, без согласност на Надзорните одбори на двете банки, Во договор, кој го знаат само Управните одбори на двете банки, овие средства се исчезнати, рече Костовски.

Според него, институциите кои треба да работат во служба на интересите на правата на граѓаните се ставени во клише кое наликува на криминал.

Според извештајот, шемата функционирала таков начин што одредена банка идентификувала компании коишто се подготвени да ги отстапат своите деловни сметки, на кои баката потоа исплаќала одредени износи врз основа на фиктивни договори за кредит, а потоа иситте компании формално и ги позајмувале тие изности на други компании, исклучиво по избор на банката. На сличен начин, потоа овие средства и се враќале на банката.

извор: Република.

фото: Архива