Боре Видевски, обвинет за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е вратен во затворот „Скопје“ по хоспитализација на Клиниката за нефрологија, а судењето за овој случај, во кој првообвинет е Љупчо Палевски, ќе продолжи во понеделник.
Директорот на затворот за „Скопје1“ изјави дека Видевски е во добра здравствена состојба.
Видевски беше хоспитализиран на Клиниката за неврологија поради проблеми со бубрезите.
Сите обвинети, вклучувајќи го и Палевски, се изјасниа за невини пред судот.