Еден осомничен за загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци оформи предмет и поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 4 од Кривичниoт законик.

Лицето, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатил закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци дека „нема да умре од болест или старост“.

Осомниченото лице претходно е осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и неговото семејство. По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка му определи мерка куќен притвор во траење од 8 дена на осомничениот.

извор: Обвинителство