(ВИДЕО) Ибрахимовиќ повторно на Санремо: Се појави со песна од Лепа Брена и направи шоу

Славниот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ повторно беше гостин на престижниот фестивал Санремо во Италија.

Ибрахимовиќ се појави со цел и да ја промовира Евровизија која ќе се одржи во неговата земја. Познатиот фудбалер на сцената излезе со песна од Лепа Брена.

Тоа е промена во однос на претходниот пат кога додека излегуваше во позадина одеше познатата „Јутро је“ од Неда Топчагиќ.

извор: sportski.mk