Таравари: AA се приклучи на промената, преостанатиот дел е ДУИ во неволја

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Тараварисе огласи преку статус на социјалните мрежи, коментирајќи го расколот кој деновиве ја тресе партијата.

„AA се приклучи на промената, преостанатиот дел е ДУИ во неволја!“, пишува тој.

Се започна откако Таравари објави дека АА ќе оди на избори како дел од опозицијата. Со ова не се согласи неговиот претходник Зијадин Села. Пред домот на Таравари беше оставен и куршум. Несогласувањата меѓуТаравари и претседателот на партиското Централно собрание Села продолжуваат и денеска со различните информации за тоа кога и каде ќе се одржи седница на Собранието. Откако беше објавено дека партијата за в сабота во 13 часот во Скопје закажува Централно собрание, кое доаѓа по најавата на Таравари дека партијата на претстојните парламентарни избори ќе се приклучи кон албанската опозиција, од синоќа кружи информацијата дека тој закажал состанок со делегатите на Собранието за утре во Куманово.