Скопјани добија кривична пријава – Го грабнале и го однеле во напуштена куќа, таму го присилиле да потпише договор за продажба на стан

0
75

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Н.Б.(53), Н.Х.(26) и Т.Љ.(21), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“.

На 28.06.2023 во Скопје, пријавените со закана со огнено оружје и употреба на физичка сила го извадиле Џ.Б.(47) од неговото возило и го однеле во напуштена куќа каде го присилиле да потпише договор за продажба на стан, со цел од парите од продажба да му врати долг од 5.000 евра на првопријавениот.