Поради попустливите политики на владата на СДС и Ковачевски, денеска престанува важноста на личните документи, а Спасовски пред заминување не обезбедил обрасци, велат од ВМРО ДПМНЕ

Владата на СДС и Димитар Ковачевски свесно создадоа хаос со промена на патните исправи.

Првото понижување владата на СДС и Ковачевски го направи со промена на уставното име. Потоа, со промената на личните документи, а сега и со тоа што Република Грција го информира светот дека патните исправи на граѓаните од Македонија од 12 февруари се неважечки, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

Грција буквално слави победа над Македонија, а Ковачевски збор не изустува.

Каде е сега Ковачевски да зборува за проевропски вредности и принципи?

Ова ли е таа проевропска вредност? Па во која друга земја од Европската унија се случува ова кое што се случува во Македонија и тоа само поради попустливите политики на владата на СДС и Ковачевски?

Владата на СДС и Ковачевски ја понижија државата и граѓаните каде стигнат.

Ова ли е проевропска вредност, да ги малтретираш сопствените граѓани да си ги менуваат патните исправи и да им создаваш дополнителни трошоци?

Дополнително, вина за ваквата состојба има и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој свесно ја остава МВР без обрасци, за народот да се револтира.

Кога ВМРО-ДПМНЕ информираше дека недостасуваат обрасци, Спасовски и Ковачевски не обвинува дека манипулираме со јавноста, за денеска да се испостави дека единствени што лажат и манипулираат се токму тие од СДС.

Мора да се стави на овој хаос.

Колку побрзо заминат СДС и ДУИ, толку подобро.

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!

извор: ВМРО ДПМНЕ