Коверт со експлозив откриен во судот во Солун

0
126

Експлозивен материјал содржел сомнителниот коверт откриен денеска во судот во Солун, а според локалните медиуми бил адресиран до еден од претседателите, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако бил откриен сомнителниот коверт, веднаш била информирана полицијата, која ја евакуирала зградата.

Од грчката полиција соопштија дека при рендгенска проверка на ковертот било утврдено дека содржи експлозивен материјал.

Според медиумите во Грција, механизмот бил програмиран да експлодира при отворањето на ковертот, а специјалната единица на грчката полиција го деактивирала.

Прелиминарна истрага врши солунската Управа за справување со посебни кривични дела на насилство.