Управата за финансиска полиција сè уште не открива што утврдиле по влезот во Град Скопје

Управата за финансиска полиција сè уште не открива што утврдиле по влезот во Град Скопје, од каде што одземаа документација со цел да истражат како се потрошени 30.000 евра за новогодишното украсување, пренесува „Фокус“. За потсетување, градоначалничката Данела Арсовска не го објави јавно договорот за украсување, ако воопшто постои, по што следуваше реакција од Управата.

Управата за финансиска полиција превзема мерки и активности кои се однесуваат на утврдување на сомненија за сторени кривични дела во нејзина надлежност, поврзани со начинот за новогодишно украсување на Градот Скопје, одговораат за „Фокус“ од Управата за финансиска полиција на прашањето до каде е постапката.

Од Управата посочуваат дека засега не можат да споделат детали со јавноста.

 

извор: „Фокус