Ангелина Димоска – Миташева е новата в.д. директорка на Филхармонија, потврдуваат од Министерството за култура.
Димоска – Миташева доаѓа на местото на Даниел Лазаровски кој во изминатиот период беше в.д. директор.
Вработените во Филхармонија преку синдикалната организација поднесоа петиција до Министерството за култура, со барање за итно разрешување на в.д. директорот Лазаровски поради како што соопштија, непрофесионално и неуко менаџирање, кое што се одразува со големи негативни последици врз целокупното функционирање на Македонската Филхармонија.