Дубаи погоден од силно невреме, голем дел од градот под вода

0
196

Во претходните два дена силни системи и процеси со грмотевици ги зафатија Обединетите Арапски Емирати. Оваа земја е претежно целосно покриена со пустински песок и врнежите се повеќе од ретка појава. Сепак, многу области беа погодени од невреме и поплави.

Најинтензивни грмотевици го зафатија Дубаи. За еден ден наврнале приближно 40 милиметри дожд на метар квадратен, а вкупно за два дена наврнале околу 50 милиметри.

Просечните врнежи за февруари се 10 милиметри, за цела година 80 мм. Така, за два дена во Дубаи паднале 70 отсто од годишното количество врнежи.

Овие многу обилни дождови со грмотевици предизвикаа и поплави низ овој милионски град, со многу возила потопени на патиштата.

Поплавени се многу згради, а наводно поплавен е и аеродромот.

Невремето целосно го прекина сообраќајот, а поради невремето откажани се и некои летови.

Имаше моќно електрично празнење над Дубаи. Гром удри на сите страни, а во еден момент денот се претвори во ноќ. Во некои области падна и град.

Забележани се и удари на ветер до 100 km/h.

 

telegraf.rs