На престојните парламентарни избори двојно повеќе гласачи од Изборната единица 3 својот глас би го дале за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ пред оние од СДСМ. Ова го покажува анкетата на ИПИС, која беше презентирана во вечерашната емисија „Објектив“ на МРТ 1.
На прашањето „За која партија ќе гласате на престојните парламентарни избори, 32,8% од анкетираните одговориле – ВМРО-ДПМНЕ, додека 14,8% го избрале СДСМ. 3,9% односно 3,5% од анкетираните одговориле дека ќе гласаат за Левица, односно ЗНАМ. Голем е процентот на граѓани кои одговориле дека нема да гласаат за ниедна партија (16,2%), а 21% одбиле да кажат за кого ќе го издвојат својот глас.
На прашањето, пак, кој сметаат дека ќе победи на овие избори:
Анкетата во Изборната единица 3, која опфаќа дел од источна Македонија, беше спроведена и за престојните парламентарни избори. Таму 15,5 од анкетираните одговориле дека прво го чекаат името на кандидатите кои ќе бидат понудени.