Во Индонезија, земја со 17.000 острови и три временски зони, денеска (14.02) се одржуваат најголемите еднодневни избори во светот. Според Изборната комисија, изборите се отежнати поради поплавите во некои села и тешкото невреме во главниот град Џакарта, па не се исклучува одолговлекување на гласањето.
Околу 205 милиони граѓани со право на глас на возраст над 17 години се повикани да гласаат за претседател на земјата, како и пратеници во парламентот и во локалните претставништва. Според анкетите, кандидат со најголеми изгледи да биде избран за претседател е министерот за одбрана Прабово Субианто, чија изборна кампања, дизајнирана со помош на вештачка интелигенција, особено им се допаѓа на младите гласачи.
DW