Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети на прес конференција по обраќањето до јавноста во кое најави дека кандидат за претседател на Македонија ќе биде Бујар Османи, потврди ушпе еднаш дека партијата е подготвена да оди во опозиција доколку „во следната битка“ не се прифати барањето во парламентот да се избира претседател и заменик претседател на Македонија. На прашањето зошто тој лично нема да му биде противкандидат на Арбен Таравари, Ахмети рече: „Затоа што јас играм во супер лига, а тој во локална лига“, објави МКД.МК.
„Со избор на претседател и заменик претседател на државата ќе заштедиме средства од буџетот и тоа повеќемилионски суми, а ефектот ќе биде поголем со позитивна порака која ќе влијае во зближување на етничките заедници. ДУИ и јас на чело на ДУИ, за речиси 25 години сме извојувале само победи на централно и локално ниво, сум верувал тогаш и денес верувам дека претседателот на државата, ако не денес, утре ќе биде и Албанец во Република Северна. Формулата веќе сме ја објавиле 2/3 мнозинство со Бадинтер доколку се согласат мнозинство на пратеници. Тој претседател ќе продуцира стабилност и зближување на граѓаните, ќе значи консезуалност“, рече Ахмети.
На прашањето зошто не одговори на барањето на Арбен Таравари да му биде противкандидат за претседател, Ахмети рече дека му се заблагодарува за понудата.
„Јас играм во супер лига, а Таравари во локална лига“, рече Ахмети.
Новинарите прашаа доколку Таравари се пласира во втор круг, дали значи тоа дека ќе го бојкотираат, Ахмети рече дека бојкот не е средство во демократија и дека не се дискутира за тоа.
Ахмети посочи дека ДУИ е подготвена за разговор и соработка со секоја партија која е за напредок на земјата во евроинтеграцијата, но не и со другите.