Бејта за Груби- Тој е „тенеќија“ – не се мери со карати што се мерат металите

0
209

За Алсат М телевизија, членот на ДУИ и еден од таканаречената „огнена група“, Невзат Бејта упати сериозни обвинувања против партијата, како и против неговите сопартијци, спикерот Талат Џафери и првиот вицепремиер на Владата, Артан Груби.

За изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети дека не го дава Груби, во стилот на негов неодамнешен гаф, дека е градоначалник од 24 карати, беше прашан, колку карати е Артан Груби, дали е 24 карати.

„Не се мери со карати што се мерат металите, тој е метал што нема карати и да имаше карати ќе беше подобар тогаш немаше да направи поделби во ДУИ. А тие што немаат карати се железо, тие што имаат карати се благородни метали“, изјави Бејта.

Груби го нарече тенеќе. ДУИ денеска на плоштадот „Скендербег“ организираше настан по повод одбележувањето на 555-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот Скендербег, на кој не присуствуваа членови од т.н. огнена група. Ахмети за „огнената група“ вели дека имаат погрешен пристап кога се обидуваат да го претстават како диктатор, спомнувајќи го Ким Џонг- Ун, лидерот на Северна Кореја. Кажа дека никого нема да исклучи од партијата.

Извор: Фактор