На 16.01.2023 во 22:00 часот во полициска станица во Скопје две скопјанки, на возраст од 38 и 41 година, пријавиле дека за време и после тренинзите во карате клуб кои се одржувале во сала на подрачјето на Скопје, на нивните две малолетни ќерки од страна на тренерот им биле покажувани фотографии со експлицитни содржини.
Според пријавата, тој од нив барал да фотографираат друга малолетничка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
извор: МВР