Годишниот извештај на Стејт департмент, кој го опишува статусот на верските слободи во секоја држава во светот, го презентираше aмериканскиот државен секретар Антони Блинкен.
Во годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со почитувањето на верските слободи во светот се посочува дека Уставот на Северна Македонија забранува верска дискриминација и предвидува слобода на религијатa и религиозното изразување.
„Обезбедува еднаквост пред законот за сите поединци без разлика на религиозното верување“, се вели во годишниот извештај на Стејт департментот.
Во делот за Сeверна Македонија во извештајот за 2021 година се нотира дека Министерството за правда и другите владините министерства дискутирале за амандманите на законот од 2007 година со кој се уредува религијата што би овозможило поголемите верски заедници да се стекнат со статус на „правни ентитети “, но Министерството за правда, повторно ги одложило консултациите со верските групи за амандмани.
На 18 февруари, Исламската верска заедница во Северна Македонија (ИВЗ) јавно ја осуди официјалната регистрација од страна на владата на Исламската салафи заедница во декември 2020 година, велејќи дека тоа би било штетно за Муслиманско единство во земјата.
Водачите на ИВЗ рекоа дека последователно се подобриле односите со владата во Скопје по средбата во јануари меѓу водачот на ИВЗ, Реис Шаќир Фетаху и претседателот Стево Пендаровски, но дека некои владини министерства и судството продолжуваат да се однесуваат кон неповолно.
Скопска Апелација го отфрли барањето за регистрација на Православната Архиепископија Охрид (ОАД) бидејќи пријавата не била поднесена до крајниот рок, наведува извештајот. На ОАД продолжи да алармира дека има штетно владино мешање во црковните работи. Основниот граѓански суд Скопје во мај пресуди дека тетовската Бекташи заедница (суфиска група) може повторно да ја поднесе својата апликација за да се регистрира како религиозна група; но заедницата повторно не ја поднесе својата апликација во текот на годината.
Глас на Америка