Го презирам односот на грчките и бугарските власти кон Македонија, вели хрватскиот лингвист Калоѓера

-Секогаш сум велел дека не ги мразам нациите , туку ги осудувам нивните владетели и нивниот однос кон соседите. Останувам на тоа и денес, пишува хвратскиот лингвист и македонист Горан Калоѓера.

Го презирам односот на грчките и бугарските власти кон Македонија и воопшто не ги симпатизирам албанските територјални и други претензии кон земјата што ја саками почитувам.

Секогаш си го поставувам прашањето зошто Македонија е толку виновна , што сите ја присвојуваат, ја загрозуваат, ја уценуваат, ја притискаат , само со една тенденција – да ги избришат како народ во кој живее на својата географска територија, порачува Калоѓера, кој не и верува на Европската Унија само поради една единствена причина, бидејќи тие не го знаат континутетот на развојот на македонската национална мисла низ вековите и  немаатт поим за тоа.

Клучната грешка на македонскиот народ е поделеноста, впрочем тоа убаво го разработила професорката Улчар.

Македонија е богата земја, земја на пристојни и учтиви луѓе кои страдаат долго време, уште од турско време. Зарем не е време целосно да се прифатат одлуките на АСНОМ, да се стави точка на македонскиот идентитет и да се признае нивниот литературен јазик, на кој беа напишани илјадници научни и уметнички текстови?

Зарем не е време бугарската влада да се повлече и  да си ги гледа своите работи, наместо да ја присвојува Македонија без никаква научна основа? Зарем не е време грчката влада да го признае македонското национално малцинство во Грција и да се посвети на себе и на своите проблеми?

На рискиот опасен и запалив Балкан Република Македонија повторно стрчи како проблем а не гледам зошто? Повторно европската дипломатија се занимава со  Македонија како во турско време и повторно Македонија ќе го плати данокот без никаква потреба.

Како долгогодишен познавач на македонските прилики , посебно литературата и јазикот и како надворешен член на МАНУ , повторно го кревам мојот слаб глас – оставете ја Македонија на мира. А мојата порака до македонките и македонците е:

Збијте ги вашите редови и бидете единствени! И покрај се, ослободете се од сите пропаднати политичари и докажете дека сте народ со ум и срце, пишува Калоѓера во апелот до македонците.