Бугарско знаме на споменик на Гоце Делчев среде Скопје: Нови провокации од бугарската „Фондација Македонија“

0
348

Бугарско знаме на споменик на Делчев среде Македонија, поточно во Градскиот парк во Скопје. Бугарските провокации продолжуваат од сите страни. Сега во главна улога „Фондација Македонија“ од Софија. Тие ставајќи го знамето крај Гоце, се пофалија дека го исчистиле споменикот, објави Алфа.мк.

-Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје, пишува „Фондација Македонија“.

Прв човек на оваа организација е Виктор Стојанов, кој во своето последно видео обраќање на Фејсбук се пофали дека веќе имале повеќе од 100 активисти, а повика и други да се приклучат. Најави и дека деновиве во Македонија ќе пристигнеле луѓе кои ќе ја шират нивната кауза.

-Пишете ни за да вклучите во нашите иницијативи во Македонија, да патувате кога ќе можете со нас. Пак кажувам веќе имаме луѓе таму, други тргнуваат наредните денови, не сакам да посочам точно кој кога, бидејќи ќе има тенденциозно однесување кон нив на границите од страна на граничните власти на Македонија, изјави Стојанов.

Како и за многу други потези и за овие на „Фондација Македонија“ повторно молк од македонските власти, на многу пати досега поставените прашања дали ќе реагираат, како по обичај одговор никогаш нема.

Текстот во целост на: Алфа.мк.