Ценовниот шок предизвикан од неспособната влада значи сиромаштија за граѓаните. Фрапантно е одбивањето на владата да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за замрзнување на цените на основните производи до крајот на оваа година и помошта околу намалување на цената на горивата преку откажување на владата од дел од акцизата.Тоа значи дека владата заработува на грбот на граѓаните додека народот се осиромашува. Прашањето е каде одат парите кои се земаат од граѓаните. Одговорот може да го добиеме и од последниот ребаланс на буџетот каде се зголемуваат непродуктивните трошења, удобноста на министрите, луксузирањето, додека народот живее на рати, истакна Ивица Томовски од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата од Томовски во целост:
Бројките говорат дека владата е воен и кризен профитер. Приходите од акцизи за првите 4 месеци се зголемени за 12 милиони евра во однос на лани, при што само во март има зголемување од 7,7 милиони евра. Ова е повеќе од доволен доказ дека мерката која ја донесоа прво е задоцнета, за потсетување дека ние баравме да дојде до намалување и второ има простор да се намали уште повеќе што и предлагаме да се намали.
Расходите на владата се зголемени за 360 милиони евра, а прашањето е што се изгради со овие пари. Одговорот е многу јасен, ништо. Парите одат за матни и сомнителни тендери и во приватни џебови.
Нема пари за земјоделците, но со ребалансот на буџетот има пари за сомнителни невладини организации. Трансферот до невладините организации расте од 741 милиони денари на 821 милиони денари.
Во време на криза не забораваат поединечни министерства да си ги зголемат ставките за плата. Кај министерство за политички систем и односи меѓу заедниците ставката основи на плати се зголемува од 14 милиони денари на 33 милиони денари, и тоа за половина година.Ова говори за расипништвото и неспособноста на владата.
Народот нема ни за леб, а непродуктивните трошења, министерските плати и парите за невладини организации се зголемуваат. Ова говори дека оваа влада мора да си оди, а единствен излез се изборите.