Унгарија испраќа три противпожарни возила и воздухополови, кои ќе помогнат во справување со пожарите е исходот од телефонскиот разгговор меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Унгарија, Тимчо Муцунски и Петер Сјарто.
Изразив голема благодарност за солидарноста и ја нагласив важноста на соработката меѓу нашите земји во вакви критични моменти. Се заблагодарив за брзата реакција и поддршката од унгарската страна, истовремено истакнувајќи дека Владата и Министерството ги користат сите расположливи механизми за побрзо справување со огнените стихии-напиша Муцунски.