Претседателот на ССМ Дарко Димовски по вчерашната двочасовната средба во Владата на која не бил постигнат договор за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари најави дека денеска ќе биде донесена одлука за генерален штрајк. „Бараме итно зголемување на платите. Ценовните шокови и двоцифрената инфлација ни даваат право да бараме усогласување на платите веднаш, бидејќи веќе не се издржува“, рече Димовски, додавајќи дека денеска ќе заседаваат највисоките тела на ССМ и се очекува да биде донесена одлука за стапување во генерален штрајк.
Радио Слободна Европа