Андреј и Панчо од ДНК добиената ” Буба Мара” ја ставија на лицитација за помош на Леонид

‼️ВАЖНО!!‼️
Би ве замолиле да го споделите постот
се со цел да стигне до што поголем аудиториум.

Почитувани,

Како и минатата година, така и оваа добиена награда на Златна Бубамара, решивме да ја ставиме на лицитација.
Овој пат средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат наменети за лекувањето на ЛЕОНИД ИНДОВ кој заедно со неговата фамилија ја водат најтешката битка во животот.

За жал државата по милионити пат нема слух за вакви ситуации, но затоа ДНК заедно со народот сме секогаш тука да помогнеме колку што можеме и дозволуваат нашите можности. ✊

Почетната цена на статуетката е 6.000денари но искрено се надеваме дека сумата ќе достигне многу повеќе.
(сумата напишете ја во коментар)

Ги повикувам сите големи фирми, корпорации и хумани луѓе кои сакаат да ја имаат оваа статуетка во нивните витрини да се приклучат кон лицитацијата, која секогаш ќе ги потсетува за нивното направено хумано дело. 🙏

Сопственик на “бубамарата” ќе стане оној кој последен ќе ја даде највисоката сума (сумата треба да напишете во коментар), а статуетката ќе биде предадена лично од нас, во пакет со потпишано ексклузивно цеде од нашиот последен албум “ДВАЕСЕТ” и двд издание од јубилејниот концерт одржан во арената “Борис Трајковски”

Лицитацијата ќе се затвори во понеделник во 22ч и тогаш ќе биде соопштен новиот сопственик на наградата, а воедно и хуман човек.

Ваши, Панчо и Андреј ❤️

ПС: Уште еднаш сакаме јавно да му се заблагодариме на Ранко Петровиќ за наградата и можноста да настапиме на “Златна Бубамара”.
Наградите ни се секогаш драги и добредојдени, и воедно не мотивираат и обврзуваат да работиме подобро и посовесно.🐞🙏🍀