Под влијание на веќе најавениот длабок циклон кој е со центар над северозападна Европа, од денес, па за време на викендот во поголем дел од регионот се очекуваат силни удари на ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 85 км/час)
За време на викендот се очекуваат и доста обилни врнежи од дожд, особено во југозападна Босна, поголем дел од Црна Гора и на северот од соседна Албанија (се очекува да наврнат од 60 до над 150 литри дожд на метар квадратен), токму поради ова се можни и локални поплавувања, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.