(ВИДЕО) Пожар во станбена зграда одзеде 15 животи во Кина

0
158

Најмалку 15 лица загинаа во пожарот што избувна во станбена зграда во Нанџјинг, главниот град на кинеската источна провинција Џјиангсу, објавија денес државните медиуми, пренесува Анадолу.

„Пожарот избувна рано утринава во округот Јухутаи и во него се повредени 44 лица“, објави кинеската новинска агенција Синхуа.

Повредените се префрлени во болница.

Првичната истрага утврди дека пожарот избувнал на првиот кат од зградата, во кој биле поставени електричните велосипеди.

Минатиот месец најмалку 52 лица загинаа, а неколку се повредени во пожарите на згради и училишни дворови во провинцијата Џиангкси, односно централната провинција Хенан.

извор:Анадолу.